1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Нирнберг во финалето на Германскиот фудбалски куп

Вториот финалист ќе го даде денешниот дуел меѓу Волфсбург и Штутгарт

По цели 25 години Нирнберг повторно ќе игра во финалето на Купот, што последен пат го освои пред 45 години. Поради тоа беше толку голема радоста во Нирнберг по синоќешната резултатски повеќе од убедлива победа над Ајнтрахт Франкфурт со 4 спрема 0, постигната пред 47 илјади гледачи на стадионот исполнет до последно место. Стрелци на головите се Енгелхарт, Саенко, Галасек и Пагенбург.

Сега погледот веќе е насочен кон Берлин, каде ќе се игра финалето на 26-ти мај. “Да, за тоа сонуваме. За тоа работиме секој ден и ако се работи доволно напорно, кога и да е ќе биде и наградено”, рече одбранбениот играч на Нирнберг Андреас Волф.

Противник на Нирнберг во финалето ќе биде поуспешниот од вечерашниот дурел меѓу Волфсбург и Штутгарт.