1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц ќе донесе предлог во Скопје и Атина

Според грчкиот весник „Капитал“, „Република Северна Македонија“ е предлогот со кој медијаторот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц доаѓа во Атина и Скопје од 8-ми до 11-ти јануари.

Предлогот, според грчкиот весник, како што пренесува агенцијата Макфакс, е дел од обидите на медијаторот да го  оживее процесот, во чии рамки беше ноемвриската средба со преставниците  на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис во Њујорк.
Грчкиот весник посочува дека Нимиц доаѓа во Скопје во време на политичка
криза во земјата, пресметки со низок интензитет меѓу младите Македонци и
Албанци, но и во време на зголемен активизам на Европската унија,
олицетворен во работата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
„Свесноста на Париз и Берлин за ограничената политичка издржливост на
грчката влада во криза, и противењето на Бугарија (која станува се‘ поголема  главоболка за Македонија од Грција) спречија тоа да се случи, а исходот беше  документ на Советот во кој решавањето на името е поставено како предуслов за  почеток на пристапните преговори“, наведува новинарот Костас Раптис во  својот текст.