1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц ќе го информира ЕП за преговорите за името

Комисијата за надворешни работи на ЕП го повикала медијаторот Метју Нимиц да информира за преговорите за името на Македонија. Состанокот, на кој би требало да присуствува и медијаторот, треба да се одржи во февруари.

Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, идниот месец за преговорите кои се водат меѓу двете страни ќе говори и пред Европскиот парламент (ЕП), на покана на Комисијата за надворешни работи на Парламентот, соопштува грчкиот весник „Катимерини“.

Последните средби на медијаторот со преговарачите на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис се одржаа во октомври минатата година во Њујорк, но без значаен напредок. Нимиц претходно на маса повторно го ставил предлогот „Горна Република Македонија“.

„Секогаш ги охрабрувам сите кои можат да имаат позитивно влијание врз ова прашање да го направат тоа. Овие преговори се во рамките на ОН и се утврдени со Советот за безбедност и Привремената спогодба. Но, тоа не значи дека други не можат позитивно да придонесат. Затоа ги повикувам сите, од секоја владина организација, позитивно да влијаат со цел процесот да успее“, беше последната изјава на Нимиц.

Поврзана содржина