1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Нимиц ќе биде пречекан со заеднички став на македонскиот државен врв

Македонскиот државен врв утврди заедничка позиција со која утре ќе биде пречекан посредникот на ОН за спорот околу името, Метју Нимиц.

default

Официјални изјави нема. Неофицијално се дознава дека претседателот, Бранко Црвенковски и премиерот, Никола Груевски се согласиле дека за Македонија ништо друго не е прифатливо освен двојната формула како можност за надминување на спорот. Денешната координација на ставовите меѓу шефот на државата и премиерот траеше околу еден час. И двете страни средбата ја оценуваат како конструктивна и неопходна пред утрешниот состанок со Нимиц. “Олеснувачот“ доаѓа од Атина каде што денеска разговара со грчките авторитети. Каква порака или предлог носи оттаму ќе биде познато утре попладне. Со македонските државници е предвидена двочасовна заедничка средба. Дипломатски извори тврдат дека и покрај нарушената кохабитација, денешната координација меѓу претседателот и премиерот била само формална бидејќи државниот врв има единствен став за прашањето на името – користење на уставното име на Македонија за домашна и меѓународна употреба. Но, единство се демонстрира само по некои важни прашања од надворешната политика, Инаку, односите меѓу двете најважни институции во државата се нарушени. Откако владата го бојкотираше новогодишното обраќање на Црвенковски во парламентот, претседателот и парламентот се сретнаа кај поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот г.г. Стефан, на божикен ручек, кога и ја договорија денешната средба. Пред два дена претседателот Црвенковски и премиерот Груевски изјавија: “Позначајно е на тие средби и разговори и владата на Република Македонија и функцијата претседател на државата да настапат со ист предлог“, рече претседателот. “Во петок ќе имаме средба по тоа прашање и ќе ја направиме таа координација“, изјави премиерот.

Доаѓањето на посредникот Нимиц во Атина и во Скопје се случува по декемвриската одлука на макеоднската влада да го преименува скопскиот аеродром во Александар Велики, што ја подигна нервозата кај јужниот сосед на Македонија. Овој потег на Скопје, во Атина оценет како провокација, како и последниот предлог на Нимиц за надминување на спорот “Република Македонија – Скопје“ за билатерална употреба , даден во март 2005 година, се очекува да бидат клучните теми на кои ќе се разговара утре.