1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц: Скопје и Атина да бидат покреативни!

По средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и македонскиот преговарач Зоран Јолевски во Њујорк, посредувачот Метју Нимиц откри дека Скопје и Атина прифатиле да разговараат за дел од последниот предлог.

default

Метју Нимиц

Нимиц вообичаено во неодредените квалификации не откри кои се идеите за кои се очекува одговор од Скопје и Атина по завршување на грчките октомвриски избори. За разлика од предходните рунди преговори, овој пат и Скопје и Атина молчат за конкретни детали од преговорите. Неофицијално се поставува нов модел на подготвување на идни предлози. Наместо досегашните релативно пасивни позиции на Македонија и Грција, кои најчесто само ги обиваа предлозите кои не им одговрале, а избегнувале да се изјаснат за прифатливите, во иднина се очекува двете страни многу поактивно да даваат конкретни сугестии за сите прашања пред Нимиц да излезе со конкретни идеи. Она што е речиси извесно е дека во иднина медијаторот ќе се држи до својот мандат и резолуциајта 817 и во оптек нема да става решенија за јазикот и националноста на граѓаните на земјата во графите на ОН.

Нимиц: На маса има доволно идеи

„Му реков на претседателот дека имам намера по изборите во Грција да ги притиснам двете страни да продолжат со разговорите за да се искористи позитивниот момент, дури тој и да се засили, за да се види дали може да се дојде до решение. Дискусиите кои ги имав летоска беа конструктивни и двете страни сериозно разгледуваа некои од идеите. На маса има доволно идеи за кои двете страни би можеле да започнат да размислуваат креативно за да се дојде до решение“, изјави Нимиц.

UN Vermittler Matthew Nimetz und mazedonischer Botschafter Zoran Jolevski in Skopje, Mazedonien

Метју Нимиц и Зоран Јолевси

Од македонска страна Нимиц бил информиран дека земјата е подготвена да ги продолжи преговорите веднаш откако Грција ќе биде поготвена за тоа.

Поинакви формулации

Анализата на најновата изјава на Нимиц покажува дека покрај веќе редовните флоскули за решение кое ќе го зачува наионалниот дигнитет се споменува и интегритетот на македонските граѓани, наместо на македонскиот народ. Познавачите на спорот за името оваа промена ја толкуваат како македонски обид на спорот делумно да му се даде и призвук на битка за индивидуалните човекови права, пред се‘ правото на национално самоопределување како основа на евроатлантските вредности.

Денеска е последниот ден од посетата на претседателот Иванов која ќе заврши со средба со генералниот секретар Бан Ки Мун и со претставници на македонската дијаспора и со говор пред Генералното собрание на светската организација. Покрај македонските ставови за главните теми на годинашната сесија, се очекува Иванов во својот настап да ги објасни правниот и политичкиот контекст на грчко-македонскиот спор за името и да ја повика Грција да го почитува меѓународното право и преземените обврски со Временета спогодба од 1995 година.

Автор: Горан Момировски

Редактор: Жана Ацеска