1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц не доаѓа во Скопје и Атина

Евродипломатите сега се концентрирани на фер и демократско организирање на изборите и што поитно конституирање на идната власт во Македонија, која ќе има легитимитет да се определи за идните чекори во спорот со името

default

Метју Нимиц ги замрзнува засега иницијативите

Посредникот во грчко - македонскиот спор околу името Метју Нимиц ги замрзнува своите инцијативи. Евродипломатите сега се концентрирани на фер и демократско организирање на изборите и што поитно конституирање на идната власт во Македонија,која ќе има легитимитет да се определи за брз компромис со Атина и влез во НАТО или значително забавување на процесите на евроатлантското сојузништво. Најавите од партиската конвенција на ВМРО ДПМНЕ за референдум за името, стануваат веројатно и идна владина платформа на лидерот Никола Груевски.

Тој изјави дека политичарите не можат сами да одлучуваат за името и идентитетот на народот без да го слушнат неговиот глас.

Властите во Грција веднаш реагираа преку новинарски коментари што се повикуваат на тамошни дипломатски извори. Атина нема да потпише договор со Скопје за име кое подоцна властите во Скопје нби го ставиле на референдум, пишува Катимерини. Евентуалната нова процедура за референдум и гласање само неколку недели по парламентарните избори ќе ја стави Македонија во временски теснец. Политичките лидери во државата по први јуни ќе треба да ја преземат одговорноста за храбри одлуки околу преговорите со Грција, велат евродипломати во Скопје.