1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц немоќен пред национал-патриотизмот на Скопје и Атина

Наизменичните националистичко-патриотски реторики и постапки во Скопје и Атина го пролонгираат решението на спорот. Дали тајната дипломатија ги бара решенијата или се исчекува судска разврска?

default

Речиси две години медијаторот на грчко-македонскиот спор Метју Нимиц не е дојден во регионот. Посетите на Скопје и Атина се условени со приближување на ставовите околу неговиот последен понуден пакет, од почетокот на минатата година, за што повремено разговараат и премиерите Папандреу и Груевски. Во двете соседни земји периодично се менуваат исти процеси, што го пролонгираат тајмингот на очекуваниот расплет – предвремени избори, стивнување или пораст на национал-патриотизмот или политичко-економска криза.

Иако во Њујорк нема да дојде до трилатерална средба на лидерите со Нимиц, европски и домашни политичари се убедени дека функционира и тајната дипломатија во разврската на спорот за името.

Тајна дипломатија

„Тајна дипломатија постои. Јас сум убеден дека за цело ова време има континуиран линк меѓу Скопје и Атина да се подготви теренот и гласачкото тело за евентуално компромисоно решение за името. Но до крајот на годината не може да се изнајде разврска, зашто треба да се види дали барањето за предвремени избори што го испостави Самарас ќе се реализира и колку економската криза, со евентуалниот банкрот на Грција ќе го маргинализира името како проблем во взаемните односи“, вели екс-премиерот Владо Бучковски.

EX-Premierminister von Mazedonien Vlado Buckovski

Владо Бучковски

И неговиот колега, универзитетскиот професор Тони Десковски оценува дека  Папандреу ќе биде и под жесток притисок на можниот нов грчки национализам предводен од тамошниот опозиционер Андонис Самарас.

„Тој е еден од авторите на целата контроверза во односите меѓу двете држави и очигледно дека неговите позиции не се променети. Тој ја заострува реториката и очигледно е дека Самарас во предизборната трка ќе го врати името како централна тема“.

Хашката одлука нема многу да смени

Професор Десковски, кој е еден од промоторите на македонската тужба против грчкото вето, во разговор за Дојче веле, очекува позитивна пресуда на Хашкиот суд за правда, со што ќе се потврди дека Атина ја прекршува Временета спогодба. Таа пак инидректно би амортизирала дел од најновата реториката на Самарас за натамошно и непопустливо вето кон приемот на Македонија во НАТО. Но тој предупредува дека за Македонија колку и да е позитивна одлуката на хашката арбитража сепак политичките елити треба да го решат спорот за името.

„Брзината за решавање на спорот е детерминирана од надворешно, но и внатрешно- политичките приритети во секоја од соседните земји. Но во македонскиот интерес е тоа прашање да се затвори што побрзо. Но Грција ги кочи преговорите што оневозможува тие да се одвиваат, условувајќи ги најпрво да се прифати крајното, конечно решение за името, а потоа ќе разговараме за модалитетите од пакетот на Нимиц“.

Anhörung zum Namensstreit zwischen Mazedonien und Griechenland vor Internationalem Gerichtshof in Den Haag

Атмосфера на едно од рочиштата во Меѓународниот суд во Хаг

Според Бучковски, претстојниот самит на НАТО во Чикаго и евентуалното преиспитување на одлуката за отворени врати на Алијансата ќе биде дополнителен притисок за Македонија да се согласи со компромисна формула за името. За него е позитивен сигнал најавената средба на вицепремиерите Арифи-Пангалос, кон крајот на годната во Атина, ако се одржи поради најавите за предвремени избори во Грција. Тоа и за ДУИ ќе значи позитивен поен дека албанскиот фактор во Македонија активно партиципира во решавањето на спорот за името и дека како владин партнер не се само маска за национализмот во владејачката елита на ВМРО-ДПМНЕ, вели екс-премиерот Владо Бучковски.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Борис Георгиевски