1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нимиц нема нов предлог за името на Македонија

*

Посредникот на ОН во грчко македонскиот спор за уставното име Метју Нимиц синоќа во Њујорк изјави дека нема нов предлог за името на Република Македонија. Нимиц ова го соопшти по разговорите со грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани. Нимиц побарал од Бакојани, Атина да се придржува на резолуцијата на советото за безбедност на ОН и да се воздржи од закани од типот за блокирање на влезот на Македонија во НАТО и ЕУ. Весникот Катимерини пишува дека Бакојани изјави оти сака прифатливо решение во рамки на резолуцијата на советот за безбедност на ОН. Одолговлекувањето на прашањето според нејзе би можело да биде опасно. Портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос соопшти дека Бакојани разговарала и со канадскиот колега Максим Барние, по одлуката на Отава за признавање на уставното име на Македонија.