1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц закажа нова средба во Њујорк

Се интензивираат преговорите околу спорот за името меѓу Македонија и Грција. Посредникот од ОН Метју Нимиц закажа нова средба за крајот на јануари во Њујорк.

Посредникот во разговорите за името, амбасадорот Метју Нимиц, ги повика претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис на нова рунда разговори во Њујорк на 29 и 30 јануари, соопшти службата за информирање на Обединетите нации.

Предвидени се одделни средби на Нимиц со Јолевски и со Василакис, а потоа заедничка средба. Согласно информацијата од Обединетите нации, целта на средбата е да се продолжат дискусиите започнати на средбите на Нимиц со високите претставници на двете држави при неговата посета на Македонија и на Грција.