1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц е поголем оптимист, но, не кажува зошто

Медијаторот на ОН, Метју Нимиц, по средбите во Атина оцени дека Македонија и Грција се „поблиски сега отколку во минатото“ да постигнат договор за името на Македонија.

default

Медијаторот Метју Нимиц

Изјавите се типично дипломатски – медијаторот од ОН Метју Нимиц се чувствува охрабрен да ги продолжи преговорите и тврди дека денеска е поголем оптимист, отколку во минатото. Но, не вели и зошто.

Dora Bakoyannis

Дора Бакојани

Министерот за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, од своја страна се погрижи за пријателски прием и замоли за време за размислување. Во наредните денови треба прговарачот од Атина, Василакис, да го објави грчкиот одговор на најновите предлози на Нимиц.

Новите предлози, од грчки агол на гледање, се, всушност, старите – компромисната формула „Република Северна Македонија“ треба да биде основа за натамошни преговори во спорот за името меѓу Атина и Скопје и грчкото министерство за надворешни работи, наводно, не знае за некакви потемелни промени во предлогот.

Грчките новинари претпоставуваат дека медијаторот сакал да промени некои нијанси во преговарачкиот пакет, на пример во однос на „областа на примена на компромисната формула“. Тој обид не би наишол на поддршка кај Грците. Во Атина опстојуваат врз ново име за општа употреба, кое нема да биде применувано само во меѓусебните односи со Грција, туку и во сите меѓународни организации.

Griechischer Oppositionsführer Papandreou

Јоргос Папандреу

Рано попладнето медијаторот Нимиц се состана и со водачот на грчката опозиција Јоргос Папандреу. Важна средба, оти социјалистичката опозиција и’ префрлува на конзервативната влада на Костас Караманлис за попустлив став во спорот со соседот околу неговото име. Не е јасно дали социјалистите навистина застапуваат тврда линија во спорот, но Папандреу сакаше веднаш да го информира неговиот гостин - во Грција ќе дојде до предвремени парламентарни избори – и тоа му го рече уште кога го пречека во грчкиот парламент.

Автор: Јанис Папдимитриу / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска


DW.COM