1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц е оптимист

Метју Нимиц е оптимист дека е можно да биде најдено решение за спорот меѓу Македонија и Грција до крајот на годинава, ако и двете страни покажат флексибилност. Поддршка за процесот под медијаторство на ОН доаѓа и од ЕУ.

default

Метју Нимиц

Доколку Македонија и Грција покажат флексибилност и сериозно се ангажираат, решение за проблемот со името би можело да се најде до крајот на годинава, истакна медијаторот на ОН во грчко-македонскиот спор, американскиот дипломат Метју Нимиц во интервју за „Македонската телевизија“. Нимиц притоа не прецизираше дали доаѓа во Скопје на почетокот на наредната недела со нов предлог, но истакна дека внимателно ќе ги слушне ставовите на македонската страна, за да биде постигнат напредок во преговорите. Нимиц дополни дека од преговарачите ќе бара многу напор и работа. Во интервјуто за „Македонската телевизија“, медијаторот Нимиц потенцираше дека има голема поддршка за изнаоѓање решение од страна на ОН.

Поддршка и од Европската унија

Поддршка за решавање на македонско-грчкиот спор околу името доаѓа и од ЕУ. Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере, денеска го повтори овој став. „Ние продолжуваме да ги поттикнуваме и двете страни да останат ангажирани во процесот под раководство на г-дин Нимиц во ОН и на тој начин да се најде решение. Ние ја поттикнуваме владата да продолжи со својата работа кон изнаоѓање на финален заклучок. Наредната недела ќе имаме одлична можност, при овдешната посета на г-дин Нимиц и се надеваме дека посетата ќе не приближи до решение,“ рече денеска евроамбасадорот Ерван Фуере. Фуере ја повтори и европската поддршка до македонската влада да продолжи со реформите и нивната имплементација, оградувајќи се од актуелната дебата во земјата, по иницијативата на НСДП и Тито Петковски за формирање на влада на национално единство во Македонија.

Автор: АТ/МЈ/ЖА/миа