1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц доаѓа во Скопје

Медијаторот во спорот за името доаѓа во посета на Скопје и Атина кон крајот на месецов

default

Метју Нимиц

Сецијалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името, амбасадорот Метју Нимиц, на 20 и 21 февруари ќе престојува во дводневна посета на Република Македонија.

За време на посета на Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи, медијаторот Нимиц ќе биде примен од претседателот на државата Ѓорге Иванов, од претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, а ќе има средба и со шефот на дипломатијата, Никола Попоски.

На средбите се очекува да се разговара за актуелните прашања во однос на надминувањето на разликите во спорот со Република Грција, како и за динамиката на разговорите во наредниот период. Медијаторот Нимиц, по Македонија треба да ја посети и Грција.

Извор: миа

Редактор: Б. Георгиевски