1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц денеска во Атина без нов предлог, но со нови аргументи?

Медијаторот на ОН во грчко-македонскиот спор околу името, Метју Нимиц денеска во Атина ќе се сретне со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.

Како што претходно јави МИА, медијаторот не доаѓа со нов предлог за решавање на прашањето за името, туку со последниот од април годинава.

Засега не е познато дали Нимиц има нови аргументи со кои ќе се обиде да ги доближи ставовите на Македонија и Грција, или да ги помести црвените линии на Атина. Не случајно, грчкиот премиер Андонис Самарас изминатиот викенд во својот говор на отворањето на Меѓународниот саем во Солун рече дека „Грција нема да преговара за историскиот идентитет на грчка Македонија“. Оваа негова изјава се толкува како директна порака до ОН и Македонија дека официјална Атина не планира да попушти во спорот за името.

Македонскиот премиер Никола Груевски, како што изјави вчера, очекува раздвижување на процесот со доаѓањето на медијаторот во спорот за името Метју Нимиц во Грција и во Македонија.

„Вообичаено, јас не давам изјави пред доаѓањето на господинот Нимиц, особено поради тоа што тој самиот треба тоа да го направи па да каже зошто доаѓа, ако доаѓа и така натаму. Не би сакал да му импутирам некои работи што јас ги мислам или како ги мислам. Би кажал општо само дека со ова доаѓање, веројатно ќе има одредено раздвижување во процесот. Колку тоа раздвижување ќе биде поголемо или помало останува да се види. Во секој случај, станува збор за негова редовна активност за посета на двете држави, а за се‘ понатаму би ве упатил да го прашате него“, изјави Груевски.

Поврзана содржина