1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц да ги забрза преговорите за името

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и заменик- министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас, на маргините на меѓународната конференција за Авганистан разговарале за спорот за името.

default

Антонио Милошоски размени мислења со Димитрис Друцас

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и заменикот-министер за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас, на првата меѓусебна средба се согласија двете страни да му дадат поттик на медијаторот на ОН, Метју Нимиц за неговиот ангажман за решавање на спорот, за натамошно да ја динамизира неговата работа и да се постигне напредок. Милошоски и Друцас истовремено оценија дека посетата на медијаторот Нимиц на регионот на крајот на февруари или на почетокот на март би била добра можност уште еднаш и Македонија и Грција да му ги образложат своите позиции.

Навремена средба

Македонскиот министер за надворешни работи оцени дека средбата со заменик-министерот Друцас била навремена. Според него, грчката страна била резервирана во однос на иницијативата за подигнување на нивото на канцелариите за врски во амбасади во Скопје и Атина. На средбата не било разговарано за отворање на новиот граничен премин кај „Маркова нога“. Како што изјави по средбата Милошоски, во врска со македонската иницијатива за потпишување погодба за ослободување од двојно оданочување, грчкото министерство за финансии веќе го разгледува предлогот, а македонското министерство е подготвено, но се чека политичката одлука од страна на Грција.

Разговор Милошоски-Клинтон

USA Außenministerin Hillary Rodham Clinton

Хилари Клинтон

Милошоски на маргините на Конференцијата имаше кратка средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Во врска со прашањето за името тој и` ги појаснил на Клинтон македонските позиции и иницијативи, како и подготвеноста на државата заедно со Грција да изнајде компромисно решение, кое би било во согласност со меѓународните норми, со Временета спогодба и со правото на самоопределување на секој народ. На оваа средба биле разменети и мислења за ангажманот на Македонија во Авганистан и за придонесот што го дава земјата. Шефот на македонската дипломатија Милошоски на крајот од Конференцијата во Лондон потенцира дека Македонија го поддржува планот на авганистанската влада за стратегијата за транзиција.

Автор: АТ/ТТ/миа/макфакс

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM