1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц: Грција инсистира на име за севкупна употреба

Разликите во спорот за името меѓу Македонија и Грција остануваат, но медијаторот Нимиц денеска потврди дека се разговара конкретно за географската одредница и за опсегот на употреба на евентуалното ново име.

default

Сe’ уште има суштински разлики во позициите меѓу двете страни, изјави посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски.

„Сe’ уште има суштински разлики во позициите меѓу двете страни, се разговараше за географската одредница и за нејзината употреба“, изјави Нимиц не прецизирајќи за која географска одредница станува збор.

По средбата со Груевски, Нимиц се враќа повторно во Грција каде ќе се сретне со грчкиот преговарач за името, Адамантиос Василакис, и ќе разговара за тоа како ќе продолжи процесот на преговори, јавува агенцијата Макфакс.

Според државната агенција МИА, Нимиц во Скопје соопштил дека грчката страна инсистира на севкупна употреба на договореното име што подразбира негова официјална употреба во институциите, во договорите, во ОН и во други меѓународни организации. Грчкото барање е името за кое ќе се постигне договор да се користи и внатре во државата.

„Во Атина имаат два проблема во врска со мојот предлог - местоположбата на географската одредница и обемот на употреба на договореното име. Во Скопје, пак, добив став кој е во согласност со долгорочните стратегиски позиции на земјата“, рече посредникот Нимиц.

Нимиц како неосновани ги отфрли шпекулациите дека како придавка е предложено името да содржи словенска и албанска Македонија.

Медијаторот на ОН денеска во Скопје се сретна и со шефот на дипломатијата Никола Поповски, а вчера беше примен од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Тој најави дека од Њујорк ќе продлжи да работи за решавање на спорот и ќе биде во контакт со преговарачите на двете земји.