1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц ги продолжува разговорите во Скопје

Медијаторот на ОН Метју Нимиц денеска (07.07.09) ќе има одделни средби со македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов. По средбата со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, Нимиц не откри детали.

default

Метју Нимиц во нова посета на Скопје

Медијаторот на ОН во грчко-македонскиот спор Метју Нимиц, денеска (07.07.09) ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски. Напладне се очекува премиерот Никола Груевски и посредникот на ОН Метју Нимиц да одржат заедничка прес-конференција. Со таков потег македонската влада сака да ја менифестира подготвеноста за наоѓање компромис за спорот околу името. Медијаторот ќе има одделна средба и со претседателот Ѓорге Иванов. Синоќа, американскиот дипломат Нимиц, час и половина разговараше со македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и преговарачот, амбасадорот Зоран Јолевски. Потоа Нимиц најави дека денеска ќе открие што донел во Скопје и Атина.

Нимиц при посетата најверојатно ја тестира подготвеноста на официјално Скопје за прифаќање на името „Република Северна Македонија“ во меѓународна комуникација. Не е исклучено да се употребува и придавката „северно-македонски“ и за именување на народот и јазикот. Воопшто не е случајна ниту пораката од Стејт департментот, преговорите да се фокусираат и на прашањето за македонскиот идентитет, што е спротивно на претходните најави од Вашингтон, дека грчко-македонските преговори треба да се водат само за надминување на разликите околу името.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM