1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц ги започна средбите во Скопје

Посредникот на ОН во македонско-грчките разговори за прашањето за името Метју Нимиц попладнево во Скопје се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

default

Нимиц по едночасовните разговори со шефот на македонската дипломатија не даде изјава за медиумите. Замина на средба со претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Водно“, по што е предвидено да се сретне и со премиерот Никола Груевски.

На средбите, како што беше најавено, ќе се разговара за актуелните прашања во однос на надминувањето на разликите во спорот со Грција, како и за динамиката на разговорите во наредниот период.

Државниот врв на Република Македонија по координацијата одржана во петокот во пресрет на посетата наНимиц, излезе со заклучок дека „Република Македонија останува цврсто посветена за надминување на прашањето за името и, како и досега, активно и конструктивно ќе учествува во процесот. Како страна која со сериозен пристап учествува во разговорите очекува и се надева на иста активност, сериозност и конструктивност и од другата страна“.

Matthew Nimitz UN Sondervermittler in Mazedonien

Нимиц при поранешна посета на Македонија

За очекувањата од посетата на Нимиц, премиерот Груевски во петокот изјави дека треба да се сочека и да види што ќе донесе медијаторот.- „Сигурно доаѓа со некакви намери и идеи, останува да ги слушнеме, да ги анализираме и потоа да дадеме изјави“, рече македонскиот премиер.

Најави и дека доколку некогаш се дојде до конкретен и прифатлив предлог тој ќе биде ставен на референдум.

„Ќе продолжиме со сите сили, напори да одиме напред, но и со отворени очи да бараме решение кое ќе биде доволно добро да го прифатиме и да го понудиме на референдум пред граѓаните“, рече Груевски.

Медијаторот Метју Нимиц утре од Скопје ќе замине за Атина каде што треба да има средби и со грчки државни претставници.

Автор: ЖА/АТ/миа

Редактор: А. Трајковска