1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц во Скопје

Во Скопје официјално се молчи околку најновата компромисна формула која би била решение за спорот со името - Северна Република Македонија или само Северна Македонија, со пакет мерки за добрососедски односи со Грција.

default

Метју Нимиц - што носи овојпат?

Ова име беше меѓу петте предлози што посредникот на ОН, Метју Нимиц ги иницираше пред самитот на НАТО во Букурешт. Медијаторот денес (21.08.2008) има одделни средби со претседателот и премиерот, Бранко Црвенковски и Никола Груевски, иако двајцата завчера, на блиц средба, наводно ја усогласиле заедничката стратегија на Македонија околу најновиот предлог на Нимиц.

Нимиц утре од Скопје заминува за Солун, на средба со грчкиот преговарач во спорот околу името, Адамантиос Василакис.

DW.COM