1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц во Скопје

Посредникот во македонско - грчкиот спор околу името, Метју Нимиц денеска (05.03.08) во Скопје, во нова дипломатска офанзива за решавање на проблемот пред самитот на НАТО.

default

Медијаторот Метју Нимиц

Медијаторот Метју Нимиц денеска во Скопје се обидува да издејствува компромисно решение за македонско - грчкиот спор околу името, во очи одлуката за прием на Македонија во алијансата. Не е познато какви дипломатски понуди носи Нимиц, но македонските власти се одлучни пред него повторно да ја бранат позицијата за двојна формула. Опозицискиот лидер, Радмила Шекеринска, побара и итна дипломатска офанзива за примена на одредбата од Привремената спогодба со Грција, во која Атина се обврзува да не го попречува влезот на Македонија во која било меѓународна организација, вклучително и НАТО.