1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц во нова посредничка мисија

Медијаторот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц денеска (20.02) треба да пристигне на разговори во Скопје. Тој треба да има разговори со државниот врв во Вила Водно.

default

Метју Нимиц во посета на Македонија и Грција

Пред доаѓањето на Метју Нимиц, кабинетот на македонскиот претседател Ѓорге Иванов пред неколку дена соопшти дека Македонија останува цврсто посветена за надминување на прашањето за името и, како и досега, активно и конструктивно ќе учествува во процесот. Како страна која со сериозен пристап учествува во разговорите, земјата очекува и се надева на иста активност, сериозност и конструктивност и од другата страна, гласи заклучокот по координативната средба на државниот врв одржана минатата недела. „Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, која укажа на неоправданоста на грчката блокада на македонската покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт во 2008-ма година, на недвосмислен, објективен и непристрастен начин потврди дека Република Македонија своите позиции, во целиот изминат период ги заснова врз меѓународното право и почитувањето на добрососедските односи“, стоеше во соопштението од кабинетот на Иванов. Според најавите, посредникот Нимиц на 22-ри февруари ќе ја посети и Атина.

Автор: ЕМФ/миа/макфакс

Редактор: Ж. Ацеска