1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нимиц во Атина и Скопје на 4 декември

*

Специјалниот посредник на ОН во грчко македонскиот спор со името, Метју Нимиц на 4 декември ќе ги посети Атина и Скопје, јавува денеска грчкото радио. Според најавите од Њујорк, Нимиц со претставниците на македонските и грчките власти ќе разговара околу тоа како ќе продолжат преговорите за името. Скопје не ја прифати предложената рамка на Нимиц која ја даде на последната рунда преговори одржана на 1 ноември во Њујорк.