1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Нимиц: Вистинско време за решавање на спорот со името

Медијаторот на ОН во спорот со името Метју Нимиц во Скопје се сретна со македонскиот премиер Никола Груевски. Оцени дека имал конструктивни разговори, откако ќе го чуе ставот на Атина, можна е уште една средба.

default

Метју Нимиц и македонскиот преговарач Зоран Јолевски

„Верувам дека ова е добро време да се обидеме да го надминеме проблемот со името,“ денеска (24.02.210) во Скопје изјави медијаторот Метју Нимиц по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски. Нимиц оцени дека имал конструктивни разговори со македонските власти и дека постои силна желба за надминување на проблемот со името.

Според него, страните, Грција и Македонија, треба да се движат напред во правец на решение на спорот со името. Нимиц најави дека откако ќе го чуе расположението на грчките власти, со кои ќе се сретне на 26 февруари, можна е набргу уште една средба.

Автор: ЖА/АТ/макфакс

DW.COM