1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Никој не може да му даде гол на Бајерн

Без промени на врвот на табелата во германската Бундеслига по 8-то коло одиграно викендов. Лидерот Бајерн киксна кај Хофенхајм, но тоа не го искористија Вердер и Менхенгладбах. Нема измени ниту на дното

default

Вердер од Бремен не успеа да го одржи чекорот на врвот на табелата со Бајерн Минхен. Во неделата, Вердер загуби на гостувањето кај Хановер со 3:2, на големо разочарување на тренерот Томас Шаф.

„Разочаран сум што денеска загубивме, затоа што не одигравме според договореното и не ја остваривме целта.

Вердер останува на второто место, додека Хановер се искачи на петтата позиција. На четвртото место е Шалке, кој со старо-новиот тренер Хуб Стевенс забележа победа на гостувањето кај Хамбургер со 2:1. Тимот од Хамбург, пак, остана на самото дно на табелата.

Првакот се враќа во форма

Во саботата, фалениот тим на Бајерн Минхен наиде на проблеми во Хофенхајм, и успеа да стигне само до реми без голови. Тоа сепак беше успех за голманот Мануел Нојер, кој веќе седум меча по ред е без примен гол.

„И ние сме луѓе. Неделава имавме еден многу тежок меч, против одличен тим во Лигата на шампионите, кој го одигравме одлично. Во минатото покажавме дека имаме сила, но денеска беше тешко“.

Fußball, 1. Bundesliga, Saison 2011/2012, 8. Spieltag, TSG 1899 Hoffenheim gegen FC Bayern München

Мануел Нојер (Бајерн М)

Помалку тешкотии имаше актуелниот првак Борусија Дортмунд. Победата од 4:0 над Аугсбург малку ги залечи раните по лошиот старт на првенството, вели младата ѕвезда Марио Геце.

„Една ваква победа е секогаш добра, и можеме на неа да надградуваме. И покрај тоа што можеби имавме и малку среќа, откако Аугсбург промаши пенал, сепак ова беше многу важна победа за нас“.

Трилер во Нирнберг

Борусија Менхенгладбах ја прекина победничката серија, со поразот на гостувањето кај Фрајбург од 1:0. По двата успеси во серија, и Келн загуби на гостувањето кај Херта со 3:0.

Fußball Bundesliga 8. Spieltag 1. FC Nürnberg - 1. FSV Mainz 05

Моменто од дуелот меѓу Нирнберг и Мајнц

Драматично беше на дуелот меѓу Нирнберг и Мајнц. Гостите од Мајнц успеаја да ја свртат негативата од 2:0 во водство од 3:2, но на крајот мечот заврши со поделба на бодовите, 3:3.

„Добро е што на крајот стигнавме барем до еден бод. Покажавме цврстина, а на навивачите им порачавме дека не се предаваме“, изјави фудбалерот на Нирнберг, Тим Клозе.

Бајер Леверкузен одигра добро во победата од 3:1 над Волфсбург, а вистински еврогол со „ножички“ постигна напаѓачот на Бајер, Дердиок. Во петокот, Штутгарт заслужено стигна до победа од 2:0 на гостувањето кај Кајзерслаутерн и се искачи на шестото место на табелата.

Автор: Јенс Крепела/Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска