1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Николиќ ќе биде новиот претседател на Србија

Томислав Николиќ, на изненадување на многумина, по пребројување на половина од избирачките ливчиња е победник на претседателските избори во Србија.

Претседателскиот кандидат на коалицијата „Да ја придвижиме Србија“, Томислав Николиќ, победи на изборите во Србија со 50,21 отсто од гласовите, додека кандидатот на коалицијата „Избор за подобар живот“, Борис Тадиќ доби 46,77, соопшти Републичката изборна комисија. Како што соопшти РИК тоа се резултати од 52,51 отсто од обработените избирачки места. Директорот на Републичкиот завод за статистика, Драган Вукмировиќ соопшти дека на изборите излегле 46,87 отсто од избирачите. Конечните резултати од вториот круг на претседателските избори ќе бидат соопштени во рок од 96 часа од завршувањето на изборите.

Досегашниот српски претседател Борис Тадиќ по затворањето на избирачките места го призна поразот и на Николиќ му ја честиташе „заслужената победа“.

 Неочекуван резултат

Хрватскиот политички аналитичар Жарко Пуховски изјави синоќа дека резултатите од вториот круг од претседателските избори во Србија се неочекувани, нагласувајќи дека победата на лидерот на Српската напредна партија (СНС) Томислав Николиќ може да го „забави темпото“ во односите меѓу Белград и Загреб. 

„За мене резултатите се многу неочекувани во однос на испитувањето на јавното мислење и на атмосферата која се создаде. Најверојатно тоа ги демотивира дел од избирачите кои можеби гласале за Тадиќ“, истакна Пуховски.