1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Николиќ претседател на српското собрание

Ултра националистичкиот политичар Томислав Николиќ е избран за нов претседател на парламентот во Белград. Пратениците на партијата на премиерот Воислав Коштуница го поддржаа неговиот избор.Николиќ и припаѓа на радикалната партија која отфрла членство на земјата во ЕУ и НАТО. Во понеделникот високиот европски дипломат Хавиер Солана истакна дека би било проблем, доколку Николиќ дојде на челото на парламентот.