1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Николиќ претседател на српското собрание

Ултра националистичкиот политичар Томислав Николиќ е избран за нов претседател на парламентот во Белград. За Николиќ гласаа 142 - ца од 244 пратеници. Изборот на Николиќ го поддржаа и пратениците на партијата на премиерот Воислав Коштуница. Томислав Николиќ и припаѓа на Српската радикалната партија, која отфрла членство на земјата во ЕУ и НАТО.

За денеска во 14 часот е закажано продолжение на седниатат на собранието. Во понеделникот високиот европски дипломат Хавиер Солана истакна дека би било проблем, доколку Николиќ дојде на челото на парламентот.