1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Николиќ подготвен на компромис за Косово

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ вчера изјави дека во моментот не е приоритет планирањето на посетата на новиот српски претседател Томислав Николиќ на Загреб. Николиќ го менува имиџот и е подготвен на компромиси.

„За сега нема такви планови. Да му го оставиме тоа на времето“, рече Јосиповиќ, одговарајќи на прашањето дали планира наскоро да се сретне со српскиот колега. Притоа Јосиповиќ нагласи дека добрите меѓусоседски односи се национален интерес на Хрватска.

Новиот српски претседател се обидува да го промени својот имиџ на националист и вчера изјави дека неговата земја е подготвена на компромиси во однос на Косово. Николиќ објасни дека тоа е со цел нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Изјавата е спротивна на претходно искажаната дека тој нема никоѓаш да ја признае косовската независност.

Николиќ истакна дека Србија е подготвена да ги обнови преговорите за нормализирање на односите со Косово, под покровителство на Европската унија, кои беа започнати од владата, предводена од Демократската партија на Борис Тадиќ.