1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Николиќ подготвен да помогне во проблемот меѓу МПЦ и СПЦ

Српскиот претседател соопштил дека е подготвен, заедно со македонскиот колега Иванов да присуствуваат на заедничка средба на претставници на МПЦ и СПЦ

Српскиот претседател Томислав Николиќ во денешниот разговор со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски соопштил дека „политиката треба да помогне колку е можно“ во решавање на проблемот меѓу Српската и Македонската православна црква, за тоа прашање да не ги оптоварува односите меѓу двете земји.

Николиќ на Попоски му соопштил дека постои иницијатива, во манастирот Прохор Пчињски да се сретнат претставници на СПЦ и МПЦ, во присуство на претседателите на Македонија и Србија.

Попоски соопштил дека македонската влада забрзано работи на подобрување на економијата и дека спорот за името со Грција е „пречка која треба да се надмине во разумен рок“.

Николиќ оценил дека сигурно постои решение за тој проблем и повторил дека е подготвен, на иницијатива на Македонјија и Грција, да придонесе тој проблем да се реши.

Попоски во Белград денеска се сретна и со премиерот во оставка Ивица Дачиќ, како и со министерот за надворешни работи Иван Мркиќ. На средбите, според официјалните соопштенија, во фокусот била економската соработка, а билатералните односи биле оценети многу позитивно.