1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Николиќ: Не постои подобра иднина од ЕУ

Српскиот претседател Томислав Николиќ, според сопствени наводи, ја уверил Кетрин Ештон, првиот дипломат на ЕУ, дека „не размислува за тоа дека постои подобра иднина за Србија освен членство во ЕУ“.

Според Николиќ, властите во Белград ќе сторат се‘ за земјата да добие препорака од Советот на министри на ЕУ за почеток на преговори за членство во Унијата. Според зборовите на српскиот претседател, Кетрин Ештон повеќе пати нагласила дека „ЕУ сака да ги види земјите на Балканот како членки, а посебно Србија“. Николиќ денеска во Брисел уште еднаш повтори дека „Србија никогаш нема ја признае незвависноста на Косово и Метохија“, ако тоа зависи од него. Српскиот претседател на средбата со Ештон предложил во иднина дијалогот Белград-Приштина да го води претседателот на владата на Србија. Зашто, според Николиќ, српскиот премиер треба да ги води разговорите, зашто „е останато малку нешто околу што е потребен договор, а е многу важно“.

„Бидејќи е очигледно дека државните службеници кога разговараат за тоа потоа немаат никаква одговорност, а тие договореното и го толкуваат различно од соговорниците“, смета Николиќ.

Тој на Кетрин Ештон и‘ укажал дека на Србија и‘ треба помош од ЕУ за да ги достигне нејзините стандарди. Посебно Србија очекува повеќе внимание од ЕУ во врска со исклучително лошиот живот на граѓаните, огромната стапка невработеност и лошо решениот социјален статус на граѓаните.