1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Николиќ и иднината на хрватско-српските односи

Токму како што беше најавено, никој од хрватскиот државен врв не присуствуваше на инаугурацијата на Томислав Николиќ. Сепак, меѓу целокупниот дипломатски кор сепак се најде и хрватскиот амбасадор во Белград.

Со присуството на хрватскиот амбасадор на инаугурацијата на новиот српски претседател Томислав Николиќ, очигледно се сакаше да се нагласи дека официјален Загреб нема да ги да ги затегнува односите со Белград поради спорните изјави на Николиќ по изборната победа туку внимателно ќе ги следи неговите настапи и ќе одлучи како ќе се постави кон него. Томислав Николиќ изјави дека за време на неговото претседателство ќе води политика на мир, стабилност и соработка во соседството и дека во интерес на Србија ќе соработува со сите, и на исток и на запад. Тој истакна дека нема да дозволи различните погледи на поединечни настани од минатото да ја загрозат заедничката иднина.

Нема разлики меѓу Тадиќ и Николиќ

Таквите изјави на Николиќ за поранешниот шеф на хрватската дипломатија Тонино Пицула се одрази на фактот дека целиот регион е како споен сад поврзан со Дејтонскиот договор и бројни други нешта. Но, и поради фактот дека очите на Брисел, Загреб и на регионот се вперени во Белград за да се види дали ќе се прекине политиката која во минатото доведе до страшни страдања во Хрватска, Босна и Херцеговина, но конечно и во самата Србија.  

Историчарот Иво Банац за ДВ вели дека е по малку зачуден поради официјалните реакции на Николиќ бидеќи тоа што тој го говори не е ништо ново.

„Кажете ми во што е разликата кога Борис Тадиќ вели ’драги пријатели знаеме дека Руѓер Бошковиќ сепак бил Србин’. Тој не рече дека Вуковар е српски, но рече нешто многу слично“. Според  Банац нема некоја особено битна разлика меѓу Николиќ и Тадиќ, со оглед дека самиот врв на српската политика застапува тези кои се’ уште се во континуитет со великосрпските замисли, и се крајно компромитирачки за стабилноста во овој дел на светот. Поради тоа историчарот предлага да се чека на промена на ситуацијата, а дотогаш да се продолжи со меѓусебното приближување на граѓаните, економиите, непречената трговија ит.н., но и да се внимава никогаш ниту една политичка концесија да не оди во насока на дозволување на великосрпските интереси.

Идните односи под знак на ЕУ

Tonino Picula Kroatien Politik

Поранешниот шеф на хрватската дипломатија Тонино Пицула

И Банац и Пицула би ја поздравиле вистинската трансформација на четничкиот војвода во толерантен демократ, односно концерзијата на политичарите и политичките елити, кои во различни периоди од дејствувањето заговарале диаметрално спротивни политички мислења. „Мене ми изгледа дека сите негови конверзии на некој начин сведочат и за земјата во која политички дејствувал“, вели Пицула за промените на Николиќ.

Што се однесува до хрватско- српските односи, тие биле деликтни и во времиња кога немало вака големи глобални криза, продолжува поранешниот шеф на хрватската дипломатија, и изразува надеж дека односите повеќе нема да се враќаат во камено време.

Кога е во прашање самата Хрватска, нашите соговорници сметаат дека таа мора да следи сопствена политика, чиј неодделив дел е и помагањето на оние кои се’ уште не се дел од ЕУ,  што побргу да станат членки на Унијата.