1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Николиќ во првата посета - во Русија

Новоизбраниот српски претседател Томислав Николиќ утре ќе отпатува во посета на Москва, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Штотуку избраниот претседател на Србија, Томислав Николиќ, со шефот на руската држава Владимир Путин ќе разговара в сабота, а за деталите на посетата и конкретните теми за разговор неговата партија, Српската напредна партија дополнително ќе ја информира јавноста, соопштено е од партискиот штаб денеска.

За денеска попладне е закажана седница на Главниот одбор на Српската напредна партија, на која Николиќ ќе поднесе оставка поради изборот на новата функција, а дотогаш тој нема да се обраќа на новинарите.

Николиќ во вториот круг од претседателските избори во Србија на 20. мај го победи својот противкандидат Борис Тадиќ од Демократската партија.

Николиќ изјави дека ќе се залага за влез на Србија во ЕУ.