1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Николиќ во државата која ја признава и ентитетот кој го сака

Српскиот претседател Томислав Николиќ, првпат од стапувањето на функцијата, во посета на Бањалука. Повторно во првпа план е соработка на Србија со ентитетот,а не и со БиХ.

Српскиот претседател Томислав Николиќ непосредно пред доаѓањето во Бањалука изјави дека Република Српска и Србија тешко некој може да ги раздели, а во врска со префрлувањата дека од стапувањето на функцијата прво оди во посета на Бањалука, а не на Сараево:

„Мислам дека тоа треба да биде одбележано во согласност со спогодбата која ја имаат Репиблика Српска и Србија, а тоа е тесна соработка и специјални односи. Мислам дека ништо поубаво не може да ја заврши оваа година од средбата во Бањалука, на која ќе присуствува и претседателот на владата на Србија. Сакам јасно да покажеме дека РС и Србија тешко некој може да ги раздели“, изјави Николиќ за агенцијата Срна.

Изетбеговиќ: „Ќе беше подобро прво да дојдеше во Сараево“

Иако се очекуваше по стапувањето на должност Николиќ прво да го посети Сараево и да се состане со членовите на Претседателсвото на БИХ, односите се искомплираа два пред месеци по изјавите на Николиќ за македонските медиуми дека БиХ полека исчезнува. Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ Бакри Изетбеговиќ поради тао го откажа трилатералниот состанок во Турција, порачувајќи дека БиХ никогаш нема да исчезне. Со денешната (26.12.2012) посета на Бањалука Николиќ, вели Изетбеговиќ, не испраќа добра политичка порака.

Der Nationalefeiertag in Bosnien und Herzegowina Bakir Izetbegovic

Бакир Изетбеговиќ

Иако посетата е уредно најавена во министерството за надворешни работи на БиХ, Изетбеговиќ вели дека за унапредување на односите меѓу двете земји, ќе беше пдообро ако Николиќ дојдеше прво во Сараево.

„Господин Николиќ има право да мисли што сака за БиХ и за она што се случило во Сребреница и во Вуковар, но би било подобро да не дада изјави какви што даде, зашто тоа не води кон помирување во регионот и кон заздравување на односите, туку обратно“, изјави за сараевските медиуми Изетбеговиќ воочи посетата на Николиќ на Бањалука.

Николиќ, осврнивајќи се на несогласувањата со Изетбеговиќ, го дообјасни својот однос кон БиХ и соработката со членовите на Претседателството на БиХ:

„Ако мислат дека исклучиво Изетбеговиќ ја води БиХ, тогаш нека кажат дека не сум бил во БиХ, Но, тоа не зависи од мене. Јас знам дека главен град на БиХ е Сараево и знам дека треба да се разговара со претставниците на двата ентитета, понудив целосна соработка и сакам средба оној момент кога господин Изетбеговиќ ќе помисли дека тоа е потребно за двете држави. Јас ќе бидат на територијата на БиХ, државата која ја признавам, но и Република Српска, ентитет кој многу го сакам“.

Економијата во прв план

Заменикот претседавач со Домот на народи на парламентот во БиХ, Огњег Тадиќ, очекува доминација на економските теми на состанокот, нагласувајќи дека средбата ќе биде следена со големо внимание, првенствено поради односите меѓу БиХ и Србија:

Republika Srpska - Serbien Treffen in Banja Luka

Една од последните средби на српска делегација со претседателот на РС, Милорад Додик

„Очекуваме пораки кое говорат за заедничкиот економски план на РС и Србија, која по влегувањето на Хрватска во ЕУ станува се‘ поважна во нашите билатерални однсои, поради тоа што ЦЕФТА ги опфаќа земјите од регионот и создава потреба за прекомпонирање на овој пазар“.

Николиќ, заедно со српскиот премиер Ивица Дачиќ, и други соработници, ќе има средби со функционерите на РС. Тие ќе одржат сендица на Советот за соработка меѓу РС и Србија, на кој ќе бидат анализирани досегашните активности во спроведувањето на Спогодбата за специјалните и паралелни врски и плановите за во иднина.