1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Николиќ бара Србите да се ослободат од Хаг

Српскиот претседател оцени дека Трибуналот во Хаг не е правичен суд и бара да се ослободат неговите сонародници. За Харадинај, пресудата е потврда на праведноста на ОВК.

default

Томислав Николиќ: Судот во Хаг не е правичен

Поранешниот командант на паравоената ОВК Рамуш Харадинај, кого Хашкиот суд го ослободи од обвиненијата за злосторства врз цивили, по пристигнувањето на приштинскиот аеродром вчера попладне (29.11) изјави дека меѓународната правда го потврдила праведниот и цврст пат на ОВК.

Косовскиот премиер Хашим Тачи, кој заедно со Харадинај и‘ се обрати на јавноста, рече дека „пресудата на Хашкиот трибунал е уште една победа за граѓаните на Косово и за државата Косово“.

Српскиот претседател Томислав Николиќ, пак, по ослободителни пресуди за Харадинај, а претходно и за хрватскиот генерал Готовина, го повика Хашкиот трибунал да ги ослободи сите Срби.

„Веќе нема сомневање дека тоа не е правичен суд и дека неговата цел е Србите како народ и сите српски држави да ги осуди на вечно веднење на главата пред некакви злосторства“, рече Николиќ.

Поврзана содржина