1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Никола Саркози- кандидат за претседател на Франција

Министерот за внатрешни работи, претседател на Унијата за народно движење (УМП), Никола Саркози вчера попладнето официјално стана и кандидат за претседател на Франција.

default

Околу 80 000 членови на Унијата за народно движење, бројка која тешко може да се провери дојдоа во Париз, во саемската сала на Порт де Версај, во вистинска фестивалска атмосфера за да го видат и прослават почетокот на кампањата на Никола Саркози.

Саркози ја доби довербата на 98,1% од 233 779 членови на УМП, кои гласаа за него. Навистина, тој беше единствениот кандидат, другите како Мишел Алио-Мари се повлекоа во последен момент, застанувајќи зад него. Како поранешните премиери Алан Жупе и Жан-Пјер Рафаран. Актуелниот премиер Доминик де Вилпен, само се појави на конгерсот.

Во својот 80 минутен говор, Никола Саркози ја образложи својата претседателска програма, но и неговата визија за Франција.

„Мојата Франција, е Франција на сите французи кои длабоко во нив не знаат дали се од левицата, десницата или центарот, бидејќи тие се пред се – французи со добра волја. Сакам да им речам дека ние имаме потреба од нив, за да сé стани можно. Се разбира има и десница и левица, моите вредности се вашитем тие на републиканската десница: праведност, ред, заслуга, труд и одговорност.“

Саркози се заложи за ревалоризација на работата, ветувајќи дека државата ќе воспостави „даночен штит“, односно да им остава половина од заработувачката на тие што работат, како и ослободување од давачките за прекувремената работа.

Според него не се потребни промени на францускиот устав, односно прогласување на Шеста република, залагајќи се за намалување на бројот на вработените во државната администрацијам во која ќе се напредува според заслугите.

Околу Европа, Саркози уште еднаш повтори: „Нема да го воскреснеме Европскиот устав,“ тој се изјасни за усвојување преку парламентарна процедура на „поедноставен Европски устав“, кој ќе и доволи на Европската Унија да функционира, но и да се стекне со економска влада. Претседателот на УМП се претстави како приврзаник на една Европа во која „никој не ќе може да принуди една Држава да се ангажира во политиката на која и се спротивставува, но во која никој не ќе може да ги спречи другите кои делуваат.“

Се разбира околу проширувањето, тој рече „Сите земји од светот не ќе можат да се интегрираат во Унијата, започнувајќи од Турција, која нема место внатре во ЕУ.“

„Денес знам, немам право да ве разочарам, немам право да се двоумам, едноставно немам право да неуспеам. Морам да побнедам за вас за Франција“ рече 52 годишниот Никола Саркози, син на унгарски имигрант, кој под слоганот „Заедно се е можно“, ќе се обиди во наредните три месеци да ги убеди французите да гласаат за него. Имено, во последната анкета на „Журнал ди Диманш„ 51 % од испитаните французи изјавија дека Саркози ги „загрижува“.