1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Никола Саркози ги повика Французите на единство

По изборната победа идниот француски претседател Никола Саркози, ги повика своите сограѓани на единство. Тој ќе биде претседател на сите Французи, без исклучок, нагласи поранешниот министер за внатрешни работи. Истовремено, Саркози се изјазни за европскиот реформски процес и ги увери САД, дека постојано може да сметаат на пријателството на Франција.

Саркози на вториот круг претседателски избори, одржани вчера освои 53 проценти, а неговата конурентка Сеголен Ројал 47 насто од гласовите. По објавувањето на резултатите на некои места дојде до демонстрации. Демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата и палеа автомобили. Полицијата употреби водни шмркови, а уапсени се 270 лица.