Никола Димитров | Теми | DW | 14.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Никола Димитров

Никола Димитров е македонски дипломат и политичар. Од мај 2017 година е министер за надворешни работи на Република Македонија

Димитров ја започнува кариерата во Министерството за надворешни работи во 1996 година. Во 2000 година е именуван за заменик-министер за надворешни работи. Во 2002 година е именуван за амбасадор во САД. До 2008 година е и преговарач во спорот за името со Грција. Од 2009 до 2013 година е амбасадор во Холандија. Од 2008 до 2011 година е застапник на тужбата на Република Македонија против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Во 2014 ја одбива понудата за амбасадор во Москва. Потоа активно учествува во движењето за уривање на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Покажи повеќе написи