1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Никола Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Груевски попладнево едногласно е реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, со што ја доби довербата за трет четиригодишен претседателски мандат на чело на партијата.

default

Никола Груевски на партискиот конгрес во Битола

На вториот ден од 14-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Битола, од 639 верификувани делегати, гласале 610.

По реизборот старо-новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави декаразвојот на Македонија и евроатланските интеграции се клучно поле на кое работи партијата, а и Владата. „Наш врвен приоритет останува членството во НАТО и ЕУ, но на тој пат имаме една пречка, а тоа е проблемот со нашето име. На овој проблем ќе посветиме максимално внимание. Ние сакаме решение, а граѓаните се тие кои ќе го имаат последниот збор на референдум“, посочи Груевски.Тој истакна дека е направен напредок во борбата против корупцијата, но, како што рече, потребни се уште многу мерки. Тој се осврна и на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и на меѓуетничкиот дијалог и посочи дека тие остануваат приоритет на Владата.

Никола Груевски беше избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на партијата во 2003 година во Охрид. Тој ја презеде функцијата од Љубчо Георгиевски кој по цели 13 години на челната позиција се повлече поради изборниот пораз.

Автор: АТ/миа/макфакс

Редактор: Жана Ацеска