1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Никола Груевски доби мандат да формира влада на Македонија

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов му го предаде мандатот за состав на новата влада на Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори во земјата.

default

Премиерот Никола Груевски

Шефот на државата Ѓорѓе Иванов за време на предавањето на мандатот бил информиран дека е постигнат коалциски договор меѓу ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ околу распределбата на ресорите и оти веќе е познат и персоналниот состав на третиот владин кабинет што ќе го предводи Никола Груевски.

Иванов истотака бил инфомиран и за персоналните решенија за министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи - области во кои тој има свои ингеренции. Од кабинетот на премиерот Груевски инаку не ја коментираат вчерашната изјава на преговарачот од ДУИ, Абдулаќим Адеми дека е постигнат меѓупартиски договор со ВМРО- ДПМНЕ за заедничка владина платформа. Според

Neues aus Mazedonien 2011

Претседателот Ѓорге Иванов

уставните решенија Груевски сега има 20 дена рок до македонското Собрание да го достави составот на идната влада. Предлогот за состав на Владата се доставува во писмена форма. Седницата за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот за состав на Владата и програмата. Се очекува меѓутоа македонскиот парламент кон средината на јули да ја избере новата влада.

Никола Груевски е шести премиер од независноста на Македонија, а по третпат добива можност да формира влада откако неговата партија ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите во 2006, 2008, како и на 5-ти јуни годинава. Дел од неговата влада ќе биде досегашниот коалициски партнер, Демократската унија за интеграција на Али Ахмети, партија што освои најмногу гласови од етничките Албанци. Коалициските владини партнери соопштија дека разговорите за поделба на ресорите се при крај, а како што пишуваат домашните медиуми, многу е веројатно ДУИ да добие две вицепремиерски места, за европски интеграции и за спроведување на Рамковниот договор, пет министерски места, четири заменици-министри и пет државни секретари.

Автор: АЧ/ СН/ АТ/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска