1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Никогаш не одржани ветувања

По повод светскиот ден на Сидата, коментар на Хеле Јепесен

15 милиони сирачиња во Африка чии родители починале од Сида!

15 милиони сирачиња во Африка чии родители починале од Сида!

Најновите податоци за заболените од СИДА се загрижувачки: на планетата живеат преку 40 милиони луѓе заразени од модерната чума. Само милион добиваат таканеречен анти-ретровирален третман. 39 милиони деца, жена и мажи ќе умрат. Се уште живеат во Африка и Азија. А, штом се појави болеста, најчесто стануваат атутсајдери. За нив постојат малку понуди за помош и никаква сигурност дека барем некој ќе се грижи за нивните деца.

Само во Африка денес живеат 15 милиони деца сирачиња, некои од нив ги загубиле обата родитела кои починале од сида. Притоа ветувањата беа многу јасни: „три до пет„, иницијатива на Обединетите нации потпишана од сите 192 држави членки на Светската здравствена организација со цел до 2005 година на три милиони инфицирани да им се понуди медицински третман. 2005 година се наближува кон својот крај, а само милион луѓе добиваат помош. За мерки како третман, објаснувања, тестови или истражувања пред се на сиромашните земји им недостигаат пари. Тие исклучиво зависат од помошта од меѓународната заедница. Потребна им е солидарност од богатите, но постојано се соочуваат со истото искуство како и во други ситуации: без оглед дали станува збор за милениумските цели за развој, во кои спаѓа и преполовувањето на новите инфицирања од Сида, или за развојна помош или за обнова при природни катастрофи: постојано многу се ветува, а малку се остварува.

Во земјите што имаат пари сигурно има многу добра волја. Но, кога треба да се плати сметката, се практикува воздржаност. Така, за спроведување кампања против сидата што ќе даде резултати, недостигаат најмалку 18 милијарди долари. Ветени беа 27 милијарди, ветување што постојано гласно се повторува. Но, на контото на Светската здравствена организација досега стигнаа точно 9 милиони!

Притоа Сидата не засега сите: болеста не познава граници, ниту запира пред благосостојбата. Во глобален свет мора да постои глобална солидарност, не само кога станува збор за борбата против тероризмот, туку и кога е потребно да се војува против пандемија каква што е сидата. За тоа не се доволни свечени говори или декларации за намери. Неопходна е сосема конкретна финансиска помош ако вистина сакаме еден свет за сите!

Хеле Јепесен