1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Никовски се повлече од Советот на Иванов

Ристо Никовски писмено го известил македонскиот претседател Ѓорге Иванов дека се повлекува од членство во Советот за меѓународни односи.

default

Како што информираа од Кабинетот на претседателот Иванов, Никовски во писмото појаснува оти не сака неговите лични ставови да му наштетат нему и на државата.

Амбасадорот, пред три дена во колумна во еден дневен весник напиша дека САД не се стратешки партнер на Македонија и оти вршат притисок земјата да се прекрсти и обезличи.

Стејт департментот на наводите на амбасадорот Ристо Никовски и член на Советoт за меѓународни односи на претседателот Ѓорге Иванов прокоментира дека американската политика e непроменета - Вашингтон не диктира како да се постигне решение за името, а тоа прашање треба да го решат Македонија и Грција.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, во врска со коментарите на Никовски вчера изјави дека станува збор за индивидуално мислење кое не ја одразува официјалната позиција на државата, односно дека САД се стратешки партнер и сојузник на Македонија.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска