1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Никарагва ќе му конкурира на Панамскиот канал

Идејата е стара колку и самата Никарагва, но сега парламентот го одобри мега-проектот: нов канал што ќе го поврзува Атлантикот со Пацификот, конкуренција на Панамскиот канал. Главен збор притоа ќе има Кина.

Парламентот на Никарагва изгласа посебен закон за изградба на канал што ќе ги поврзува Пацификот и Карипското Море, а преку него и Атланскиот Океан. Изградбата на овој воден пат и‘ е доверена на една кинеска компанија од Хонг Конг, која со усвоениот закон доби и концесија на 50 години за стопанисување со каналот. Овој огромен проект, кога ќе биде завршен, треба да му биде силна конкуренција на веќе преоптоварениот Панамски Канал.

Изградбата на Никарагванскиот канал треба да чини 40 милијарди долари. Никарагванската опозиција и екологистите во земјата го критикуваа проектот како штетен за човековата средина, а посебно за Никарагванското езеро чии води ќе бидат користени, затоа што тоа се наоѓа на трасата на идниот  поморски пат меѓу двете страни на Средна Америка. Еколозите тврдат дека големите товарни бродови и танкери ќе го загадуваат езерото и ќе го уништат неговиот воден свет. Посебно гласна во противењето е и опозицијата, која законот го оцени за неуставен, измамнички и штетен за интересите на Никарагва.

Fischer und Lastschiffe im PanamaKanal

Панамскиот канал може да добие конкуренција

„Владата сака по еднодневно советување и без претходна проверка да и‘ додели концесија на странска и непозната фирма“, обвинува шефот на пратеничката група на опозицијата, Едуардо Монтеалегре. И дисидентите меѓу сандинистите на претседателот Ортега го осудија големиот проект. Ортега и бизнисменот Ванг само сакаат да се збогатат, гласи нивниот аргумент. На транспарентите на демонстрантите пред парламентот меѓу другото пишуваше: „Ортега ја продава татковината“ и „Слободна Никарагва“.

Преседателот на Никарагва, Даниел Ортега ги отфрла  обвинувањата, инсистирајќи на тоа дека каналот на земјата ќе и‘ донесе „голем  просперитет“. Неговата влада ја предупреди опозицијата дека гласањето против изградбата на каналот е „непатриотска постапка“.

Идејата за изградба ваков воден пат низ територијата на Никаргва е стара идеја, која целосно беше напуштена по отворањето на Панамскиот Канал во 1914 година. Кинеската компанија може да ја продолжи концесијата за уште 50 години по истекот на првите половина век стопанисување со каналот. Владата на Никарагва ќе има малцински пакет акции и малцински дел од профитот на овој воден пат.