1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Никарагва и Венецуела подготвени за прифаќање на Сноуден

По Никарагва и Венецуела изрази подготвеност да му даде азил на поранешниот соработник на американските тајни служби, Едвард Сноуден, кој се наоѓа во бегство.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро порача дека неговата земја му нуди азил на Едвард Сноуден (насловна фотографија) од хуманитарни причини.

„Во име на достоинството на Јужна Америка, одлучив на Едвард Сноуден да му понудам хуманитарен азил, изјави Мадуро синоќа (05.07) за време на воена парада по повод Денот на независноста на Венецуела.

Сноуден најверојатно е се' уште во транзитното одделение на московскиот аеродром Шереметјево од каде досега побара азил во повеќе од 20 држави, меѓу кои и Венецуела. Засега не се знае неговиот одговор, ниту како би дошол до Венецуела доколку ја прифати понудата. Не постојат директни летови од Москва до Каракас, а вообичаено е патниците на таа линија да преземат лет во Хавана. Не е познато и дали кубанските власти би му дале на Сноуден одобрение за премин преку нивна територија.

Претходно, претседателот на Никарагва Даниел Ортега исто така изјави дека од Сноуден примил барање за азил и дека би можел да го прифати, „доколку околностите го дозволат тоа“. Ортега додаде дека барањето за азил на Сноуден пристигнало во амбасадата на Никарагва во Москва и порача дека на поранешниот соработник на американските тајни служби би можел да му додели 30-годишен политички азил.

САД го бараат Сноуден со меѓународен налог за апсење, под обвинение за издавање на државни тајни. Тој. имено. ги обелодени масивните програми за надзор на тајните служби на САД и Велика Британија.