1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ние сме Македонци и ништо друго!

Со летоци и транспаренти на кои пишуваше „10 години без правда“, стотина претставници и членови на „ОМО Илинден-Пирин“ изминатите два дена протестираа пред Европскиот парламент и Советот на Европа во Стразбур.

default

Протестите траеја два дена

Со извици на името на нивната партија и барање за враќање на одземената регистрација, развиени знамиња и испишани пароли на англиски јазик со кои се бараше почитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права, ставање крај на двојните стандарди и пред се‘ признавање на Македонците како малцинство во Бугарија, околу стотина членови на партијата, пред очите на љубопитните европски политичари и дипломати го одржаа нивниот прв мирен протестен собир пред европските институции.

„За партијата ОМО Илинден-Пирин овој чин е од историско значење, бидејќи ние толку време, од 1944 година досега, постојано ги бараме нашите права како Македонци кои ги имавме до 1948 година - а бидеме признати како Македонци, да имаме право да ја изучуваме нашата историја, нашиот роден македонски јазик“, ни‘ рече видно возбуден Стојан Георгиев.

„Ние сакаме тука, во срцето на Европа пред Судот на правдата да кажеме и потврдиме дека сме Македонци и ништо друго. Ние дојдовме со желба, со

Proteste der Mazedonier aus Bulgarien vor dem Europäischen Parlament

Документ на Македонец од Бугарија

ентузијазам, не сме дојдени тука само така, за да си го губиме времето“, додава Томе Маноловски.

„До 1962 година Македонец, а потоа, велат - ти си Бугарин“

Многумина од нив носат и покажуваат стари официјални документи на бугарската држава со кои покажуваат дека Бугарија во еден даден момент официјално ги имаше признато како Македонци.

„Ми го поставуваат прашањето од кога се чувствувам Македонец. Јас сум бугарски државјанин, но се чувствувам Македонец по народност. Зошто во мојот документ, и им го покажувам, пишува народност „Македонец“, еве ви ги документите, им велам.“

„Јас како граѓанин на 70 години не се чувствувам поинаку. Откако сум роден јас знам дека сум Македонец и во еден момент ни‘ викаат : не си Македонец, Бугарин си, сите сте Бугари. На сите мои лични документи до 1962 година е напишано „Македонец“, „Македонец“, потоа нема Македонец, сите Бугари.“

На прашањето дали откако Бугарија стана членка на ЕУ пред две години, се случија промени за нив, дали

Proteste der Mazedonier aus Bulgarien vor dem Europäischen Parlament

почувствувале промени како луѓе кои се декларираат дека се Македонци, дали работите одат на подобро и дали тоа се чувствува во секојдневниот живот, демонстрантите одговараат:

„Малку по малку се почувствува ветерот, зашто за нашите собири нема таков притисок како што беше досега. Одиме слободно на нашите собири. Некогаш не ни‘ даваат да зборуваме. На пример, не ни‘ допуштаат во Мелник , на гробот на Јане Сандански кога има собир, да си го кажеме зборот. Значи има малку, ама општо земено си продолжува како што си беше порано.“

„Ние постоиме!“

Proteste der Mazedonier aus Bulgarien vor dem Europäischen Parlament

Активистите на „ОМО Илинден - Пирин“, додека мирно протестираа, беа свесни дека од другата страна на улицата во „Палатата на Европа“, каде заседаваше Комитетот на министрите на Советот на Европа се одлучуваше дали ќе биде затворен или не нивниот предмет како решен. Бугарија инсистира да биде затворен предметот како „решен, и покрај тоа што партијата на Македонците во Бугарија се‘ уште не е регистрирана.“

„Не може да се реши еден проблем на таков начин кога има едно малцинство што не се признава. Ние постоиме. Еве, тука може да се види дека имаме претставници. Не може само така да не‘ снема само за да се реши проблемот на начин на кој што посакуваат некои други“, вели претседателот на нерегистрираната партија, Стојко Стојков.

Активистите на „ОМО Илинден Пирин“ заминаа од Стразбур со убедување дека нивното доаѓање не беше напразно.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска