1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ние, децата на војната во БиХ

Денеска (06.04.) пред 20 години снајперисти од босанските Срби пукаа во учесниците на мировни демонстрации во Сараево. Овој настан го обележува официјалниот почеток на војната во Босна и Херцеговина.

И по 20 години земјата е длабоко поделена. Трите народи во Босна - босанските муслимани, Срби и Хрвати, едноставно сметаат дека е тешко да се живее заедно. Нема можност за разбирање, иако трите јазици многу малку се разликуваат еден од друг.

Тројца студенти во една кафетерија во центарот на Сараево. На прв поглед Енида, Наталија и Игор многу не се разликуваат. Тие се облекуваат слично, слушаат иста музика и имаат сличено стравување за иднината. А, сите тројца дојдоа на свет во 1992. година кога изби војната во нивната татковина. Трите студенти пораснаа во различни светови и одеа во различни училишта, во кои на часовите по историја запознаа различни верзии на војната.

20 Jahren nach dem Krieg in Bosnien und Herzegowina

Босанската Хрватка Наталија Милетиќ

Секој со својата вистина

Наталија е босанска Хрватка. Таа во училиште научи дека сето ова започна веќе во октомври 1991. година.

„Преку историјата, што ја изучував две години, кога е во прашање почетокот на војната во Босна и Херцеговина, единствено знам дека агресијата, односно војната во Босна и Херцеговина започна со нападот на источно-херцеговачкото село Равно“, вели Наталија.

Равно е мало хрватско село на босанска територија, недалеку од Дубровник. Јогословенската армија, во која доминираа Србите, започна напад на хрватскиот крајбрежен град и го уништи селото.

Спротивно на тоа за Игор, босански Србин, војната започна половина година подоцна – на 1. март 1992. година во старата  чаршија во Сараево.

„Мојата историја, којашто јас сум ја учел, вели дека војната започнала со убивање на српски сват“, вели Игор.

Босанката Енида е подипломатична. Таа не сака да определи еден конкретен датум.

„Знам дека дојде до несогласување меѓу сите три народи“, вели Енида.

На 6-ти април соседите станаа непријатели

20 Jahren nach dem Krieg in Bosnien und Herzegowina

Босанскиот Србин Игор Коваќ, фотографиран во Универзитетот во Пале

Официјално 6. април 1992. година е определен како почеток на војната во Босна и Херцеговина. Тоа е денот на кој тогашната Европска Заедница ја призна земјата како независна, а снајперисти од босанските Срби пукаа во учесниците на мировни демонстрации во Сараево, по што започна речиси четиригодишната опсада на Сараево. Во тие денови родителите на Игор го напуштиле градот. Тој се’ уште бил бебе.

„Нивните пријатели од српска националност веќе го напуштиле Сараево, затоа што веќе започнала војна. Значи, првиот сосед требало да влезе во куќата и да ме убие мене како бебе?“, прашува Игор. Неговиот татко кратко потоа се приклучил на војската на босанските Срби.

Речиси во исто време, но 55 километри северо-западно од Сараево, друг млад татко се приклучил на војната, но на страната на босанската армија. Енида имла речиси една година кога станала полусираче.

„Тој загинал кај едно село – Качун, во близина на Бусовача во 1993. година, мислам во битка со трупите на босанските Хрвати (ХВО)“, објаснува Босанката Едина.

За босанските Хрвати, неколку километри подалеку, се борел таткото на Наталија. Целта на армијата била да ги припои кон Хрватска местата со мнозинско хрватско население.

„Мојот татко за време на војната бил во единицата на ХВО, на околните планини околу Крешево и подрачјето го бранел од муслиманите“, раскажува Хрватката Наталија.

20 Jahren nach dem Krieg in Bosnien und Herzegowina

Босанката Енида Мекиќ на Универзитетот во Сараево

Минатото да не ја определува иднината

Во годините претходно, татковците на трите млади луѓе живееле заедно во мир. Босна долго време беше сметана за пример на успешен соживот меѓу различни народи и религии. А, напнатоста е присутна во воздухот и денес – две децении подоцна.

„Сараево го сакам и жал ми е што сум само роден тука и што не сум пораснал овде, но кога ќе дојдам, едноставно не се чувствувам пријатно. Поради моето српско име, кога некој ќе ме повика, се сепнувам. Има некој страв во мене“, вели Игор.

Сепак, денес тројцата дваесетгодишници седат заедно во Сараево, пијат босанско кафе и разговараат меѓусебно. И покрај етничките разлики, тие добро се разбираат. Босанката Енида објаснува зошто.

„Немам никакви предрасуди, ниту мразам некоја од другите националности. Она што се случило не треба да го влечеме со себе. Имаме своја иднина, која требаме да ја градиме, без оглед на тоа што се случи“.

Енида, Наталија и Игор се обидуваат во денешната Босна и Херцеговина да си го најдат својот сопствен пат и покрај националистичките притисоци од нивната околина. Тие не сакаат минатото да им ја определува иднината.