1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нигерија – избори

По претседателските и парламентарните избори во Нигерија, кои беа проследени со насилство и хаос, странските набљудувачи изразија загриженост. Нигериската група набљудувачи, ТГМ, побара изборите да се прогласат за неважечки поради огромниот број нерегуларности. Во текот на галсањето имаше повеќе судири, во кои има и жртви. Првите резултати од изборите се очекуваат утре. За наследник на претседателот Олесегун Обасанџо фаворити се Умару Јарадуа, кој важи за човек на Обасанџо и опозициониот политичар, Мухамаду Бухари.