1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Нигерија – избори

ЕУ изрази вознемиреност околу текот на претседателските и парламентарните избори во Нигерија, одржани во саботата. Германското претседателство со унијата, во Берлин соопшти дека ЕУ со загриженост гледа на извештаите за нерегуларности и насилство во одделни региони. ЕУ ја повика владата на Нигерија да се погрижи за коректно пребројување на гласовите. Опозицијата и набљудувачите на изборите соопштија дека со оглед на големиот број нерегуларнсоти не може да се говори за слбоодни избори. Првите резултати од претседателските избори покажуваат дека во водство се кандидатите на владеачката Демократска народна партија, Умару Јарадуа.