1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

(Не) успешен експеримент- училиште без оценки

Францускиот образовен систем долго време се состоеше од тестирања и оценување, меѓутоа уште пред неколку години оценките постепено изчезнаа од основните училишта, а сега треба да исчезнат и од средните училишта?

Germany's Guido Bongard watches an unidentified boy pointing at a map of Germany during a so-called Deutschmobil training session in a highschool of Lens, northern France, Thursday Jan. 15, 2004. The session aims at heightening awareness of students to German language and culture in France. ( AP Photo/Michel Spingler)

Ќе се воведе ли новиот скандинавски модел во француските училишта?

Учениците од средното училиште „Жан Батист Каро“, што се наоѓа во парискиот кварт Савини –Сур-Орж, чекаат да почне часот по англиски јазик. Може да се каже дека станува збор за импресивна зграда изградена врз темелите на замокот од 15-от век во кој живееле два француски кралеви. Во еден од завршните одделенија во училиштето наставничката Силви Абделгабе води еден нов проект, за кој таа верува дека ќе покрене храбра и прогресивна промена во образованието. „Што да правам со оценките? Се трудам да давам само добри оценки“.

На забелешката на критичарите дека лошите ученици нема да почувствуваат притисок да се подобрат, наставничката одговара:„Тоа важи за луѓето, кои сакаат да се натпреваруваат со другите. Многу често се случува најдобрите ученици да бидат издвоени, а оние со полошо знаење да останат на самото дно од општеството. Оние кои трчаат брзо, ќе трчаат и во иднина, а останатите само можат да ги гледаат. Јас не го посакувам ова за учениците од моето одделение. Сакам да престанеме да ги осудуваме луѓето! Јас се борам за демократија и за правото да уживам со овие деца, а не да имам статус на некој, кој сака да им ги исече главите“, вели учителката Силви.

Мислењата околку традиционалното француско оценување на учениците се поделени

Bilder zu einer Initiative in Paris, deren Gründerin Elisabeth Laville sich für mehr Bio-Essen in Schulkantinen einsetzt. *** Elisabeth Laville at the Basque elementary school in Paris, explaining how she wants to make school canteens offer healthier food and run in a more environmentally-friendly way. *** Bilder von Nina Haase, DW Mai 2010

Учениците треба да ја задржат мотивацијата и самодовербата

Дури и во одделението на учителката Силви:„Јас се викам Ориа и имам 19 години. Мислам дека класичното оценување е добро, затоа што на тој начин можеме да се ориентираме како напредуваме, а тоа е добра мотивација. Можеби новиот начин на почеток добро ќе функционира, но подоцна ќе зажали учителката за тоа. Таа ќе види дека тоа ќе биде поголем хендикеп, отколку предност“, вели ученичката Ориа. „Јас се викам Наџет и имам 16 години. Мислам дека укинувањето на оценките е добро за ученици како мене, бидејќи со лоши оценки мислам дека луѓето си создаваат и лоша слика за вас. Освен тоа, мислам дека поради лошите оценки може некој да престане и да учи“, објаснува ученичката.

Лошите оценки, агресивното корегирање со црвено пенкало, па дури и поправките во ученичките работи и задачи го поздравуваат француските власти во образованието, како во основните, така и во средните училишта со цел учениците да ја задржат самодовербата и мотивацијата. Владата иако е конзерватирва, ги поддржува овие реформи. Соочена со податоците дека една четвртина од учениците во средните училишта имаат проблеми со читањето, пишувањето и сметањето, таа побара од наставниците поинтензивно да се занимаваат со тоа дали учениците совладале одредени основни вештини, а не колку се успешни во училиште.

На децата им е потребно оценувањето

Според социологот Натали Бул посветувањето повеќе внимание на емоциите и концентрирањето на неуспесите, отколку на успесите може да им штети на учениците: „Со новиот проект воведуваме внимателен пристап, кој интуитивно е примамлив за сите. Меѓутоа, проблемот е во тоа што тој нема да им користи на децата. Можеби имаме лоша задача кога го забрануваме трудот и напорната работа, меѓутоа децата кои се образувале по релативно строг образовен систем се‘ уште ги знаат лекциите што ги учеле. Луѓето сакаат да ги надминуваат своите успеси, бидејќи на тој начин откриваат за што се’ се способни“, вели социологот Натали.

Експериментот е прекинат

Hospiz macht Schule

Таа вели дека француските реформи го загрозуваат успешниот образовен систем. Во областа на математика, на пример, Франција добила повеќе Нобелови награди од било која друга земја во светот, освен САД. Франција, вели таа, мора да биде многу внимателна со новиот скандинавски модел. Финска има одличен образовен систем и го укина оценувањето во основните училишта , но во Хонг Конг, Шангај и Сеул исто така имаа успешни училишта со старомодниот модел на оценување.

Во училиштето „Жан Батист Коро“ во едно од одделенијата каде беше укинато оценувањето, по поплаките од родителите и учениците, оценувањето беше повторно вратено. Меѓутоа, во земјата се водат жестоки дискусии околу експериментот со оценувањето.

Автор: Џон Лауренсон / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Ж.Ацеска