1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Не си мирен, нема влез!

Германскиот уставен суд оцени дека „забраната за влегување на стадион поради сомневање за насилство“ е во согласност со уставот. Тужба пред судот поднесе навивач на Бајерн Минхен кому му е забранет влез на стадионите.

default

На сила се околу три илјади забрани за влез на стадион

Уставните судии сметаат дека законските граници за забрана за влез на стадионите не смеат да бидат поставени превисоко. Фудбалските натпревари се често повод за безредија и затоа за да биде донесена забрана за влез на стадионите е доволно само да се биде член на некоја насилничка група. Притоа, не мора да биде докажано дека токму тоа лице навистина се служело со насилство. Германскиот фудбалски сојуз е задоволен со оценката на судиите. Хелмут Шпан, одговорен за прашања на безбедност во Фудбалскиот сојуз, вели: „Мора да сториме се‘ за натпреварите на стадионите да се одвиваат безбедно. Тука станува збор за луѓе кои се грижат за редот и мирот, инфраструктурни мерки, како и исклучување од стадионите на лица кои не се однесуваат според безбедносните правила.“

Зошто на навивачот му бил забранет влез?

Преведено - кој не се однесува како што треба, нема да влезе на стадион. Тужбата пред Уставниот суд ја поднесе навивач на Бајерн Минхен, кој беше уапсен по еден

Deutschland Fußball Ausschreitungen nach Spiel SV Wacker Burghausen -FC Carl Zeiss Jena

Фудбалските натпревари се често повод за безредија

натпревар во Дуизбург во 2006 година. Тој, како што вели полицијата, бил еден од групата од стотина минхенски навивачи, кои учествувале во судирот со навивачите на Дуизбург. Притоа беше повредено едно лице. Навивачот ги отфрлаше наводите дека учествувал во судирите, а истрагата против него подоцна беше запрена. Но, тоа, како што вели Хелмут Шпан, не е во спротивност со одлуката за забрана за влез на стадионите: „Тогаш, оној што се грижи за редот и мирот мора да има право уште еднаш да преиспита - дали ова лице е опасност за мене и за мирната атмосфера на стадионот? Дуизбург тоа го направи, а така ќе постапевме и ние и затоа одлуката на Уставниот суд е добра!“

20 милино евра годишно за безбедност

Кај фудбалските навивачи ваквата одлука наиде на поделено ехо: „Не, се разбира дека не е во ред. Треба да има конкретни докази дека некое лице е насилник, па да се донесе ваква одлука.“ „Во ред е. Клубовите треба и да ги заштитуваат останатите клубови.“

Германските професионални клубови даваат околу 20 милиони евра годишно за да го спречат насилството на стадионите. Во моментов, на сила се околу три илјади забрани за влез на стадиони.

Автор: Штефан Нестлер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска