1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Не се очекува голем пробив во заштитата на климата

На светската конференција за климата што се одржува во Доха се‘ уште стојат отворени многу важни прашања. Јасно е само дека нема да има абициозни ветувања за намалување на издувните гасови.

Германскиот министер за заштита на животната средина Петер Алтмајер не очекува некаков голем пробив на Светската конференција за климата. Пред да замине за Доха, тој денеска (02.12) изјави дека стравува оти „токму кај големите земји како Кина и САД во моментов нема доволно простор за дејствување“.

Кристијана Фигуерес раководи со Секретаријатот за клима на ОН и вели дека Протоколот од Кјото донесен во 1997 година ќе биде продолжен. До кога ќе биде продолжен - до 2018 или до 2020 година, ќе мора да решат министрите присутни на конференцијата во Доха, вели шефицата на германскиот преговарачки тим, Никол Вилке.

Освен тоа, останува нејасно какви цели сакаат да си постават земјите во делот на намалување на издувните гасови. Кога министрите од среда (05.12) ќе седнат на маса за преговори ќе имаат за решавање многу политички прашања и ќе мора да постигнат согласност околу политички одмерен пакет мерки, од кој никој нема да биде одушевен, нагласува Фигуерес. На сите им е јасно дека резултатот од конференцијата во Доха нема да биде толку амбициозен колку што всушност треба да биде.

Marsch gegen Klimawandel in Doha

Марш во Доха против промената на климата

Јаз меѓу неопходноста и реалноста

Она што е потребно е спроведување на целта договорена во Копенхаген пред три години - ограничување на загревањето на Земјата на два Целзиусови степена во споредба со прединдустриското ниво. Оваа граница е апсолутно неопходна за да се спречи огромното менување на климата. Ако просечната температура се зголемува за повеќе од два степена, се закануваат катастрофални последици - топење на глечери, подигнување на нивото на морето, уништување на дождовните шуми.

Ако се земат предвид редукциите на издувни гасови кои земјите досега ги имаат ветено, Земјата до крајот на овој век ќе се затопли за околу 3,5 степени. Дури и до ваквата цел досега се придржуваат само мал број земји, нагласува Моника Вјуег од тинк-тенк организацијата „Клајмат Аналитикс“. Научниците и ОН сепак сметаат дека е можно да се остварува целта - затоплување од само два процента, но за тоа е потребно штедење енергија и што е можно повеќе користење обновливи енергии. Освен тоа, неопходно е и отстранување на ЦО2 од амтосферата. Но, технологиите за тоа досега се користат само во рамки на пилот проекти.