1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Не се откажува ни Гадафи, ниту противниците

Во Либија владините трупи и бунтовниците водат огорчени борби. Моамер ел Гадафи се жали на недоволна поддршка од странство во борбата против терористите. ЕУ испрати посебна мисија за утврдување на фактите во земјата.

default

Огорчени борби во Либија

Воената авијација на либиските владини трупи денеска извршила напади против бунтовниците во близина на пристанишниот град Сирте, како што јавува телевизиски тим на новинската агенција АП. Сирте важи за упориште на силите на Гадафи, во чии раце се‘ уште е главниот град Триполи. Оттаму утрото се слушале истрели од автоматско оружје, но наводно тоа биле изблици на радост на владините трупи поради успесите против противниците. Државната телевизија јави дека владините трупи повратиле повеќе градови, меѓу нив Ал Завија, Мисрата и Тобрук. Бунтовниците со денови се обидуваат да напреднат во правец на запад, кон областите контролирани од силите на Гадафи, кои пак денеска го нападнале кратко претходно од востаниците освоениот град Бин Џавад на средоземноморскиот брег. Опозиционерите успеале да го отфрлат нападот врз блискиот град Рас Лануф, важен нафтен центар.

Libyen / Tunesien / Flüchtlinge

Египетски бегалци од Либија чекаат германски воен брод да ги пренесе во татковината од Тунис

Гадафи: Се борам против терористите

Гадафи според своето претставување на работите води војна против екстремистите во својата земја. „Изненаден сум што никој не разбира дека ова е борба против тероризмот и не ми помага. Нашите тајни служби соработуваат, ние во минатите години толку многу ве поддржавме“, изјави тој за францускиот весник „Журнал ди Диманш“.

И силите на Гадафи и противниците јавуваат за успеси во одделни делови од земјата. Но, многу изјави на следбениците на Гадафи и бунтовниците се противречни. ЕУ како подготовка на вонредниот самит за состојбата во Либија идниот петок, испратила во земјата специјален тим за да ја испита ситуацијата на теренот и степенот на насилство врз народот. Од резултатите ќе зависат натамошните чекори во поддршката на либиското население.

Вестервеле бара поостри санкции

Libyen / Panzer / Bangasi

Бунтовник кај Бенгази

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле пак побара поостри санкции против либискиот владетел Моамер ел Гадафи, изразувајќи загриженост за она што се случува во Либија. Тој за весникот „Велт ам зонтаг“ изјави дека Советот за безбедност мора повторно да се врати на темата Либија.

Три германски воени бродови ноќеска го напуштиле туниското пристаниште Габес упатувајќи се кон египетското пристаниште Александрија. На палубата на бродовите се преземени повеќе од 400 египетски гастарбајтери, кои поради крвавите битки во Либија пребегаа во Тунис. Патувањето преку Средоземното Море ќе трае три дена. Ангажманот на Бундесверот е во рамките на меѓународната хуманитарна акција за помош при бегалските бранови од Либија.

Автор: ЖА/ АТ/ дпа/ афп/ ртре

Редактор: Алекасндра Трајковска

DW.COM